ПОВЕЌЕ

    Препознајте ги измамите на онлајн шопингот-изработен регистер на фирми

    Време зa читање: 2 минути

    Асоцијацијата за е-трговија направи онлајн регистар на е-трговци кој е изработен во соработка со петте банки кои што нудат е-трговија и има за цел да ја зголеми информираноста на купувачите и нивната заштита, да им овозможи лесно да направат разлика помеѓу регистрирани е-трговци и нерегистрирани субјекти кои учествуваат во онлајн продажбата и да ја намали можноста за купување од непроверени онлајн продавачи и учество во сивата економија.

    Регистарот е  дел од платформата „eТрговија за сите” која на едно место ги содржи сите потребни информации за започнување и водење на бизнис во е-трговија.

    Од Асоцијацијата за е-трговија велат дека се потребни заеднички напори за намалување на сивата економија – институциите да го дадат својот придонес, граѓаните да се заштитат себе си преку купување само од регистрирани е-трговци, а компаниите да ги унапредуваат своите процеси, корисничко искуство и да одиграат едукативна улога кај потенцијалните купувачи.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично