Во услови кога се соочуваме со една од најголемите светски криза поради Ковидот, македонските потрошувачи денес го одбележуваат 15 Март -Светскиот ден на потрошувачите. На овој ден насоките за заштита на потрошувачите се прифатени од страна на ООН, а кај нас во 1996 се регистрира Организацијата на потрошувачи на Македонија каде што оштетените потрошувачи може да се пожалат.
Сепак, кризата си го направи своето па и граѓаните значително ги променија своите навики. Рестриктивните и ограничувањата во движења на потрошувачите значајно го промени начинот на функционирање меѓу другото и на пазарење на производи за домаќинството. Дигиталните канали добиваат многу повеќе на значење и е-трговијата доживува сериозна експанзија. Ограничувањата на бројот на лица во маркетите и чекањето за пристап до физичката локација, придонесе потрошувачите да го променат изборот или пак да пазарат во поголем број на маркети.
Освен тоа значително се изменија и потребите на ѓраѓаните. Потрошувачката на храна и потребата од лекови значително ја раздвижија прехрамбената и фармацевтската индустрија.Значителен пораст во добивката покажаа и двата сектори.
Во услови на пандемија сепак потрошувачите им останале најверни на евтините маркети. Според податоците на истражувачката агенција Инсајдер ИД македонските потрошувачи најмногу пазаруваат во Кам Маркет. На втората позиција после три години се искачи Стокомак и на трето место е Тинекс.
Во однос, пак на навиките на потрошувачите во однос на брендовите што ги користат тие се изјасниле за неколку. Истражувањето покажало дека македонскиот потрошувач е предвидлив кога станува збор за користење на производи.
Категориите кои беа одредени за релевантни за истражување се : Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.
Производ | Бренд |
---|---|
МЛЕКО | Битолско Млеко |
ЈОГУРТ | Битолски Јогурт |
СИРЕЊЕ | Кораб Трница |
КАШКАВАЛ | Кораб Трница |
ВОДА | Пелистерка |
ЧИПС | Chipsy |
ЧОКОЛАДA | Мilka |
ШАМПОН ЗА КОСА | Head and Shoulders |
КАФЕ | Гранд |
ЗДРАВА ХРАНА | Виталиа |
СЛАДОЛЕД | Fricom |
ДЕТЕРГЕНТИ | Ariel |
МЕСНИ ПРОИЗВОДИ | Златиборац |
ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА | Perfex |
ВИНО | Тиквеш |
ПИВО | Скопско |