Раст на просечната нето-плата од 5,4 отсто во декември.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 105.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации каде се забележува раст на просечна нето плата од 15.5 % и сега таа изнесува 56.998 денари или 927 евра. Кај дејноста Рударство и вадење на камен забележан е пораст од 10.5 % и сега изнесува 39.655 денари, додека пак кај Дејности на здравствена и социјална заштита се забележува раст од 10.0 % и сега просечната нета-плата изнесува 32.926 денари.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 14.4 % каде просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 56.998 денари или 927 евра, во Финансиски дејности и дејности на осигурување за 12.5 % со просечна плата од 46.795 денари или 761 евро и Рударство и вадење на камен 10.6 %.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 28 294 денари.
Прочитај и: Каде се кријат највисоките плати во Македонија