ПОВЕЌЕ

    Каде се кријат највисоките плати во Македонија?

    Време зa читање: 2 минути

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2020 година, забележува зголемување од 794 денари во споредба со минатиот месец, и сега изнесува 28.294 денари.

    Во нашата анализа, доколку направиме споредба со просекот на плати по дејност, највисоките просечни плати се два ипол пати повисоки од просечната плата.

    Да видиме кои се 10те најплатените професии кои носат најголема заработувачка во Македонија?

    Повторно на пиадесталот најплатени професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во декември била 76.223 денари или 1239 евра.

    Веднаш по нив се вработените во информации и комуникации кои во декември просечно земале зе 56.998 денари или 927 евра, а на трето место се вработените во Телекомуникации со просечна плата од 50.034 денари или 813 евра. Две скалила погоре се искачија платите на вработените во Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови и од шесто место, се искачија на четврто место со просечна плата од 48.790 денари или 793 евра.

    Во првата петорка, на петтото место се најдоа и вработените во производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 47.948 денари или 780 евра.

    На шестото место се финансиски дејности и дејности на осигурување со просечна плата од 46.795 денари или 761 евро, додека вработените во Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување се на седмото место со просек на плата од 43.424 денари или 706 евра.

    Вработените во воздухопловниот транспорт, просечно земале 42.671 или 694 евра и се позиционирале на осмото место пред вработените со дејност останати стручни, научни и технилки дејности со просек на плата од 41.589 денари или 676 евра.

    Во топ 10 анализата влегуваат и вработените во дејноста вадење на руди и метал со просечна плата од 40.980 денари или 666 евра.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично