Во Брисел се планира поголем потег. Целиот дигитален свет треба да се реорганизира. Европската комисија има намера да донесе поголема правичност на конкуренцијата на пазарот со новиот закон за дигитални услуги, како и законот за дигитални пазари.
Според предлогот на Комисијата на Европската унија, на дигиталните платформи веќе не им е дозволено да ги фаворизираат сопствените содржини и производи во однос на другите меѓународни добавувачи. Сопствените реклами мора јасно да се означуваат.
Моќно оружје може да биде таканаречената интероперабилност, можноста на системите да соработуваат со други системи. Значи, пораката од платформата Whatsapp може да биде испратена до Телеграм. “тоа може да доведе до поголема конкуренција на пазарот на месинџери“, вели Бекед ал за ДВ.
И професионалците и институциите треба да имаат полесен пристап до податоците на големите компании.
“Во моментов постои огромна асиметрија на моќта. Тие платформи ги имаат сите тие податоци, нивните истражувачки оддели ги имаат на располагање во секое време. А регулаторните институции само беспомошно гледаат“.