ПОВЕЌЕ

    Модерна ќе наплати 25 до 37 УСД за вакцината КОВИД-19

    Време зa читање: 2 минути

    Модерна ќе наплати 25- 37 американски долари за вакцината КОВИД-19: Извршниот директор на компанијата изјавил за медиумите

    Нашата вакцина чини приближно исто колку и вакцината против грип, чијашто цена се движи помеѓу 10 и 50 американски долари“, изјавил тој.

    Во понеделникот, официјален претставник на ЕУ вклучен во преговорите рече дека Европската комисија сака да постигне договор со Модерна за набавка на милиони дози од нивниот кандидат за вакцина по цена пониска од 25 долари за доза.

    Сè уште ништо не е потпишано, но блиску сме до договор со Европската комисија. Ние сакаме да испорачаме во Европа и сме во конструктивни разговори“, рече Банкел за „ WamS “, додавајќи дека во „прашање се денови“ кога договорот ќе биде постигнат.

    Модерна изјавила дека нејзината експериментална вакцина е 94,5% ефикасна во спречувањето на КОВИД-19, заснованo na привремени податоци од доцната фаза на клиничките испитувања. Со ова Модерна стана втор развивач кој што објавил резултати што далеку ги надминале очекувањата, веднаш после Pfizer и неговиот партнер BioNTech.

    ЕУ е во преговори со Модерна за нивната експериментална КОВИД-19 вакцина уште од јули.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично