ПОВЕЌЕ

    Денес е последен ден за поднесување барања за државна помош за исплата на плати за октомври, ноември и декември

    Време зa читање: 2 минути

    Барањата за државна помош за исплата на плати за октомври, ноември и декември може да се поднесуваат само уште денес, откако Уравата за јавни приходи во вторникот одлучи да го продолжи рокот за поднесувањето до 12 ноември.

    Пролонгирањето е поради доцната објава во Службен весник на сите правилници за обрасците за пресметка на платата и субвенцијата. Инаку барањата вообичаено се поднесуваат до 10 во месецот за претходниот месец

    „Поради подоцнежна објава во Службен весник на Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците и Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност, кои се основ за достапност и поставување на обрасците БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 на веб платформата на УЈП, како и поради масовно поднесување на истите веднаш по поставувањето што придонесе до преоптоварување на системот, рокот за нивното поднесување се продолжува до 12 ноември 2020 година“, стои во известувањето на Управата.

    Од УЈП додаваат дека одложувањето е и поради масовно поднесување на барањата веднаш по поставувањето н ааобраасците на интернет страницата, што придонесе до преоптоварување на системот.

    Инаку, оваа мерка е дел од Четвртиот пакет економски мерки што го донесе Владата, кој меѓу другото им овозможува на компаниите кои се погодени од здравствено економската криза со КОВИД-19 да добијат финансиска поддршка за исплата на плати за октомври, ноември и декември 2020 година, како и финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично