Во периодот од 25.09.2020 до 25.10.2020 година НЛБ Банка организираше Месец на штедење на кој децата имаа можност да цртаат на тема штедење и истражување на убавините на нашата земја.
На крајот на Месецот на штедење беа наградени вкупно 30 цртежи, од кои 20 од страна на комисија од реномирани македонски уметници: Сергеј Андреевски, Филип Фидановски и Мирослава Микица Трујкановиќ и 10 по пат на гласање на веб страницата www.stedenje.nlb.mk
Наградените цртежи може да ги погледнете на следниот линк [ линк ]