ПОВЕЌЕ

    Ние не работиме од дома, само живееме на работа

    Време зa читање: 2 минути

    Повеќе од две третини од технолошките работници во Силиконската долина се чувствуваат повеќе „изгорени“ во споредба со периодот кога работеле од канцеларијата, пишува Бизнис Инсајдер.

    Анкетата е спроведена на апликацијата Blind chat, а биле испитани 3.023 вработени во компании како што се Амазон, Микрософт, Гугл, Фејсбук. Дури 68 проценти од нив изјавиле дека биле исцрпени од работата уште од почетокот на пандемијата.

    Се чини дека најлоша е ситуацијата во Фејсбук и Гугл, каде 81, односно 79 проценти од работниците изјавиле дека работат многу повеќе отколку што беше случај минатата година, пренесува „Старит“.

    Не само што процентот на вработени кои се чувствуваат на овој начин е многу висок, туку е забележано и зголемување на нивниот број. Блинд спроведе слично истражување во февруари, а потоа од 3.921 испитаник, 61 процент одговориле дека изгореле од работа. Причините што најчесто се наведуваат се премногу работа, недоволни награди и недостаток на контрола над нивната работа.

    Анкетата спроведена од дневниот „Startit“ во август даде значително различни резултати. Во тоа време, само секоја деветта личност вработена во ИТ компании, маркетинг агенции и мали и средни претпријатија изјави дека не сака да продолжи да работи од дома по пандемијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично