ПОВЕЌЕ

    Мирен протест на штедачите од пропаднатата Еуростандард банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Вратете ги парите, Која е следна банка? Ова се само дел од паролите кои ги извикуваа и истакнаа дел од оштетените штедачи од пропаднатата Еуростандар банка, кои попладнево излегоа на мирен протест пред Собранието.

    Тие бараат Државата целосно да ги обесштети, а потоа парите да си ги земе од стечајната маса.

    Преку Фондот за осигурување на депозити  обесштетени  се штедачите на оваа банка кои имале до 30.000 евра.

    Но, 780 штедачи со поголеми заштеди треба да ги бараат своите пари од стечајната маса.

    Велат дека оштетени се за повеќе од 50 милиони евра.

    „Давани се кредити без никакво покритие и се тоа е реализирано под капата на Народна банка. Бараме државата да изнајде решение и да ги обештети сите граѓани“, рече Иван Брзовски – член на здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.

    Штедачите велат дека нема да престанат да протестираат и ако треба нема да се тргнат од пред Собранието додека не им биде одговорено на барањето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично