Во август 2020 година, и покрај понатамошното олеснување на мерките поради пандемијата, еврозоната забележа дефлација на годишно ниво од 0,2 проценти во споредба со јули кога беше инфлацијата 0,4 проценти.
Во истиот месец минатата година, инфлацијата во монетарниот блок од 19 нации е 1,0 проценти, според информациите на заводот за статистика на Европската унија.
Низ ЕУ, која сега се состои од 27 земји по излегувањето на Велика Британија на почетокот од оваа година, инфлацијата од година на година, исто така, се намали на 0,4 проценти во август од јулското ниво од 0,9 проценти. Една година порано, стапката беше 1,4 проценти.
Највисоките годишни стапки на дефлација беа регистрирани минатиот месец во Кипар (-2,9%), Грција (-2,3%) и Естонија (-1,3%).
Од друга страна, најголема инфлација има во август во Унгарија (4,0%), Полска (3,7%) и Чешка (3,5%).