ПОВЕЌЕ

    УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за пензионерите приматели на пензија од Еуростандард банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за пензионерите приматели на пензија од Еуростандард банка!

    Со цел да им излезе во пресрет на потребите на примателите на пензии од Еуростандард банка АД Скопје, УНИБанка ќе им овозможи на сите пензионери во брза и едноставна процедура одобрување на дозволено пречекорување во износ до 15.000 денари доколку имаат добра кредитна историја.

    Постапката на одобрување ќе се овозможи во сите експозитури на банката и нема да трае подолго од 30 минути!

    Доволно е клиентите да достават при аплицирање само важечки документ за идентификација (лична карта или пасош).

    Средствата од дозволеното пречекорување ќе им бидат на располагање на клиентите веднаш по одобрувањето.

    Сите пензионери кои ќе одлучат да ја примаат својата пензија преку УНИБанка ќе добијат и пакет со бесплатна дебитна картичка како и многу други поволности!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично