Ворен Бафет донираше акции во вредност од 2.9 милијарди американски долари од конгломератот „Беркшир Хатавеј АД“ на пет добротворни организации меѓу кои и фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, последниот, но не и најголемиот придонес, како дел од неговиот актуелен план за споделување на своето богатство.
Денес, „Беркшир“ изјави дека 15-тата годишна донација се состоела од 16 милиони акции од „Беркшир“ Класа Б. Како резултат, збирот на донации за добротворни цели се искачи на повеќе од 37 милијарди американски долари откако Бафет, кој на 30 август наполни 90 години, започна да ги дели своите акции во 2006 година.
Голем дел од донациите одат во фондацијата на Гејтс. Остатокот оди во фондацијата Сузан Томпсон Бафет, именувана по покојната сопруга на Бафет, и до добротворни цели што ги водат неговите деца Хауард, Сузан и Питер: Фондацијата Хауард Г. Бафет, Фондацијата „Шервуд“ и Фондацијата „Ново“.
Иако Бафет донираше 48% од своите акции на Беркшир, сепак поседува околу 15,2% од компанијата од Омаха, конгломерат од Небраска и контролира скоро третина од моќта на компанијата.
Прочитај: Зошто Ворен Бафет се смета за најголемиот губитник меѓу милијардерите во 2020 година?
Објави за Ворен Бафет [ тука ]