ПОВЕЌЕ

    Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за април 2020

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.04 – 30.04.2020 година вкупниот промет изнесувал 755.470.810 денари и е намален за 72.88 отсто во однос на претходниот месец.

    Класичното тргување изнесувало 651.991.389 денари и е намалено во однос на март за 56,08 отсто кога изнесувало 1.484.434.935 денари.

    Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 650.253.090 денари и обврзници во вредност од 1.738.299 денари.

    Блок трансакциите за април изнесувале 29.673.271 денари и се намалени за 97,72 отсто во однос на март.

    Бројот на трансакции во април изнесувал 2.695 и е намален за 44.18 отсто во однос на март кога изнесувал 4.828.

    Најтргувани акции на официјалниот пазар за април се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

    Месечниот статистички билтен за април 2020 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично