ПОВЕЌЕ

    Владата ги задолжи банките и штедилниците да обезбедат редари

    Време зa читање: 2 минути

    Банките и штедилниците се должни да обезбедат редарска служба при влезот во и при излезот од објектот.

    Оваа уредба ја донесе Владата на седница, со цел да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот.

    Наложено е за клиентите да биде обездедено спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот, и да не дозволи влез во објектот на лица кои не носат заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот .

    Банките и штедилниците се должни да постават соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на корисниците пред и внатре во објектот на растојание од најмалку два метра и тоа пред секој шалтер на кој корисниците пристапуваат за вршење финансиски услуги, како и во дијаметар од 10 метри пред влезот на објектот.

    Согласно оваа уредба банките и штедилниците се должни на вработените лица кои работат во објектите или имаат контакт со клиенти да им обезбедат заштитна опрема (ракавици и маски) кои се должни да ги носат во текот на целото работно време.

    Уредбата определува дека во банките и штедилниците во исто време, заедно со вработените, не смее да има:

    – повеќе од 5 лица во просторија до 50 квадратни метри;

    – повеќе од 10 лица во просторија од 50 до 100 квадратни метри;

    – повеќе од 15 лица во просторија од 100 до 200 квадратни метри и

    – повеќе од 20 лица во просторија над 200 квадратни метри.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично