Во САД е забележана рекордна невработеност, јавуваат американските медиуми. Дури 6,6 милиони луѓе побарале надомест за невработени во изминатата недела.
Тоа значи дека во последните две недели речиси 10 милиони луѓе останале без работа.
Аналитичарите претходно предвидуваа дека во екот на кризата со коронавирусот, меѓу 3 и 6 милиони Американци ќе останат без работа, откако голем број работодавачи мораа да ги затворат своите компании поради пандемијата.
Се смета дека вистинската бројка е уште поголема, бидејќи многу луѓе пријавиле потешкотии со поднесувањето на барања за помош за невработени лица преку интернет.
„Њујорк тајмс“ пишува дека шокантен број на откази не ја отсликува виситнската слика на ударот на американската економија, со оглед дека многу американски работници не можат да аплицираат за надомест, а се работи за оние кои работат на половина работно време, оние кои имаат многу ниски плати, самовработените и оние кои работат на договор на дело.
Најновиот број го надмина минатонеделниот рекорд од речиси 3,3 милиони нови невработени, покажуваат податоците на Министерството за труд.
Извор Макфакс