ПОВЕЌЕ

    Се затвара зградата на Њујоршката Берза, двајца вработени заразени со Корона вирусот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Њујоршката берза објави дека од понеделник ја затвора зградата на Вол Стрит, откако двајца вработени биле позитивни на корона вирусот.

    Берзата ќе продолжи со вообичаенотот тргување на акции, но целиот промет ќе се одвива преку интернет.

    ,,Метежот и вревата на берзата се уникатно искуство за сите инвеститори и трговци на берзата, но ова се екстремни услови за кои берзата е целосно подготвена. Сите системи ќе продолжат да функционираат непречено и веруваме дека и покрај глобалниот пандемија, тргувањето со акции треба да продолжи.” , рече претседателкара на Њујоршката берза, Стејси Канингам.

    Индексите на берзата во Њујорк го завршија денот на ниво на јануари 2017 година. За прв пат по повеќе од три години, Дау Џонс падна под 20.000 поени (6,3 проценти), а во текот на денот тој индекс падна толку ниско што ги избриша сите профити што ги стекна за време на администрацијата на Трамп. S & P падна за 5,2, а Насдак за 4,7 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично