Народната банка подготвува мерки со кои на фирмите погодени од кризата предизвикана од корона вирусот, ќе им се олесни отплатата на кредитите.
Предложена е одлука за промена на методологијата за управување со кредитен ризик кон таргетирани стопански сектори, преку која е можно тоа олеснување.
Како што соопшти на вчерашната прес конференција во Владата гувернерката на Наодната банка Анита Ангеловска Бежоска, целта на методологијата е да се олеснат условите за реаструктурирање на кредите.
-Самото реструктуирање значи промена на договорните услови за кредитрање, што може да значи намалуање на каматна стапка, одобрување на грејс период, одложување на рокот на отплата на кдитите и слично, појасни гувернерката.
Сепак, како што рече, оваа мерка прво ќе се разгледа со банките и во Владата, но изрази очекување дека набргу ќе се предложи на Советот на Народната банка.