ПОВЕЌЕ

    Херјавец: Биткоинот е долгорочна приказна

    Време зa читање: < 1 минутa

    Канадскиот инвеститор со хрватско потекло, Роберт Херјавец изјави дека во моментите на распродажба на берзите треба да се обврне внимание на биткоинот.

    Photo: businessinsider

    Не ја одрекувајте улогата на златото како безбедно пристаниште во овие пазарни ситуации, Херјавец укажува дека биткоинот е сепак подобар долгорочен облог.

    – Биткоинот е иднината, особено во контекст на електронските плаќања. Затоа купувам биткоин. Можеме да претпоставиме дека долгорочната вредност на биткоинот ќе се зголеми пет пати. Долгорочните инвеститори секогаш бараат добра можност, а тоа во овој момент е биткоинот, проценува Херјавец во изјава за Kitco News.

    Најпознатата криптовалута и оваа година ја красат големите флуктуации на вредноста. На почетокот на неделата, биткоинот падна на границата од 9.000 американски долари, иако пред неколку недели во еден момент беше на ниво од 10.500 долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично