ПОВЕЌЕ

    Со поддршка на НЛБ Банка се одржа Аутдор фестивалот „When in Krusevo“

    Време зa читање: 4 минути

    Од 14 до 16 февруари Крушево беше домаќин на второто зимско издание на аутдор фестивалот „When in Krusevo“, а НЛБ Банка беше горд спонзор на оваа неверојатна адреналинска авантура.

    Убавото сончево време, чистиот воздух и обновените зимски капацитети, кои ги нуди Крушево ги привлече гостите да го прифатат предизвикот и да земат учество на организираните рекреативни пешачки тури, зимскиот тандем параглајдинг, јавањето коњи, дегустација на превкусните крушевски специјалитети и ноќната забава.

    „Овој фестивал, благодарение на неговите летни изданија има своја верна публика и реноме поради кои од година во година привлекува се повеќе гости и љубители на адреналинските спортови. По незаборавните летни авантури, кои веќе четири години по ред се одржуваат во Крушево, чест ни е и привилегија што по вторпат уживавме во снежниот аутдор настан „When in Krusevo – Winter is here!“. Би сакале да им изразиме голема благодарност на нашите верни пријатели од НЛБ Банка, кои ја препознаа вредноста на овој фестивал и без чија помош немаше изминатиот викенд да изгледа онака како замислувавме.“ , изјави Димитар Ангелкоски еден од организаторите на настанот.

    Фестивалот годинава успеа да ги исполни сите туристички капацитети на градот Крушево и како што велат организаторите, „When in Krusevo“ годинава броеше дури 270 учесници и над 2000 посетители.

    Дополнителен куриозитет за зголемената посетеност на овој зимски туристички центар се и обновените капацити на Panorama All Seasons Adventure паркот во чии рамки влегуваат жичницата, обновените и проширени скијачки патеки, новиот ски-лифт за деца и новиот супер модерен објект под името „Алто лаунџ бар“, кој е комплетно нова градба на местото на веќе постоечкиот стар објект, кој беше во многу лоша состојба.

    НЛБ Банка како општествено одговорна компанија ги препозна можностите и капацитетите на овој авантуристички парк и стана еден од генералните спонзори со цел да се подигнат стандардите и да привлече поголем број посетители и туристи. Новиот Panorama All Seasons Adventure парк и НЛБ Банка, на гостите и домашните во Крушево ќе им понуди различни спортско-рекреативни содржини низ целата година. Panorama All Seasons Adventure со поддршка од НЛБ Банка, во 2020 планираат изградба на адреналински парк со зип-лајн и други интересни содржини, кои покрај во зима, ќе го направат Крушево привлечна туристичка дестинација и во останатите три сезони.

    На нам уживателите, ни преостанува да го посетиме и да се подготвиме за новиот лик и новите содржини во Крушево, како и за летната четврта по ред едиција на „When In Krusevo 2020“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично