На 12.2.2020 година, во утринските часови, најпознатата криптовалута биткоин го достигна своето највисоко ниво за оваа година, а исто така и во последните пет месеци. Утрото, цената на биткоинот достигна 10.489,78 долари, што е највисоко ниво од септември, покажуваат податоците на „Coindesk“.
Од почетокот на оваа година, најпопуларната криптовалута ја зголеми својата вредност за високи 44 проценти.
Извор: CoinDesk BPI – 12.2.2020
Продолжува растечкиот тренд на вредностите на биткоините и во февруари, откако месец јануари беше најдобар за дигиталната валута во последните седум години.
Постојат неколку причини за неодамнешниот раст на биткоинот, тврдат аналитичарите.
Со преполовување на количината на биткоините коишто можат да се добијат со „рударење“, епидемијата на коронавирус предизвикува уште поголема побарувачка за „побезбедни средства“, а некои инвеститори како таков го сметаат и биткоинот.