Intercontinental Exchange (ICE), сопственикот на Њујоршката берза, сака да го преземе eBay, дознава Reuters од добро информирани извори.
Извор на фотографија: bloomberg.
Аквизицијата би надминала 30 милијарди американски долари и би претставувала значајно отргнување од фокусираноста на ICE на финансиските пазари.
Неофицијално може да се дознае дека ICE не е заинтересиран за огласниот сегмент на eBay, за кој eBay размислува да го стави на продажба.