ПОВЕЌЕ

    За што сакаат да штедат најмладите?

    Време зa читање: 2 минути

    Со многу музика и забава, многу основци и деца од предучилишна возраст, ХалкБанк во Зоолошката градина во Скопје го одбележа Светскиот ден на штедење со интерактивно едукативен настан под мотото „Штедиме за сите наши желби“.

    Во текот на настанот, 150 деца од две основни училишта и две градинки имаа можност да влезат во детскиот свет на штедење низ кој ги водеше Марко Новески и добропознатиот Халки. На самиот хепенинг, откако успеаја да ја „совладаат“ важноста од штедењето од најрана возраст, децата имаа можност да се изразат на креативен начин на големата ХалкБанк табла и сликовито да ја претстават целта за која што ќе започнат со штедење.

    Желбите на најмладите беа најразлични. Иако на таблата преовладуваа популарните играчки, сепак дел од нив изразија потреба за сопствен придонес за позелена планета и почист воздух.

    ХалкБанк традиционало, секој октомври посветува особено внимание на најмладата популација на која, преку организирање интересни настани и реализација на креативни активности, им ја пренесува важноста од штедењето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично