ПОВЕЌЕ

    Најголемите економии во светот (Инфографика)

    Време зa читање: < 1 минутa

    Гледајќи го глобалниот бруто-домашен производ (БДП), во согласност со паритетот на куповната моќ, Кина е најголемата економија во светот со БДП над 25.000 милијарди американски долари.

    Извор: Bankar.rs

    Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидуваше економијата на Кина да порасне за 6,3% во 2019 година, додека САД, кои се наоѓаат на второто место со БДП над 20.000 милијарди долари, предвидоа раст од 2,3%.

    Азиските земји, меѓу првите десет економии во светот, имаат најдобри предвидувања за раст, и покрај забавувањето на глобалната економија. Европските економии како Италија и Германија се борат да го одржат економскиот раст, а истата судбина во Азија ја дели и индустријализираната Јапонија.

    Според проценките на ММФ, Кина и САД ќе останат на врвот до 2024 година, додека Индонезија треба да ја престигне Германија. До 2030 година се очекува Индија да го заземе второто место во САД. Дотогаш, Кина се очекува да биде најголемата економија во светот со номинален БДП, преземајќи го од САД, пренесува Аjазера Балкан.

    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично