
Индустриското лидерство се гради преку способноста да се одржи квалитетот, да се одговори на промените и да се создадат услови за долгорочен развој. Во металургијата, тоа подразбира континуирано вложување во технологијата и во луѓето што ја движат. Макстил ја потврдува својата лидерска улога во македонската индустрија токму преку поврзувањето на производственото искуство, модернизацијата и развојот на нови генерации инженери.
Работењето на меѓународните пазари бара континуирано унапредување на преку примена на високи стандарди за квалитет, ефикасност и доверливост. Затоа Макстил континуирано инвестира во модернизација, автоматизација и оптимизација на производните процеси. Во таа насока, особено значаен е проектот за модернизација на линијата за сечење топловалани лимови, кој ќе придонесе кон конкретни производствени подобрувања.

Производството засновано на рециклирање старо железо дополнително ја поврзува неговата развојна насока со циркуларната економија. Технолошкиот напредок, меѓутоа, бара соодветни знаења и вештини. Затоа соработката со образовните институции има стратешко значење, создава можност идните инженери да се подготвуваат според реалните потреби на индустријата.
Во оваа област Макстил презема активна улога и преку воспоставување на тренинг центар за преквалификација, доедукација и практична обука при што се најде начин да се направи еден вид на симбиоза помеѓу искуството од производството и образовниот процес.
Конкретен резултат е двегодишната професионална студиска програма „Металургија“ на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, развиена заеднички од професорите на факултетот и инженерите од компанијата. Програмата веќе се реализира од оваа академска година и овозможува стекнување на професионалното звање Инженер-металург. Нејзината вредност е во поврзувањето на академската основа со применливи знаења, со што студентите добиваат појасен увид во процесите, материјалите и задачите што ги очекуваат во професионалната работа.

Ова партнерство доби дополнителна практична основа со отворањето на Лабораторијата за хемиски анализи на ТМФ и донацијата на XRF инструмент. Опремувањето е реализирано во рамките на проектот „Образование за вработување“ – E4E, со поддршка од Макстил и Швајцарската амбасада преку Хелветас. Инструментот овозможува утврдување на хемиските елементи во примерокот без негово уништување, давајќи им на студентите можност да работат со аналитичка техника што се користи во индустриски услови.
Лабораторијата отвора нови можности за научноистражувачка работа и за анализи наменети за металуршката индустрија, истовремено потврдувајќи дека вложувањето во знаење е долгорочна определба што ги поддржува и младите кои ги прават своите први професионални чекори и искусните кадри во нивниот континуиран професионален развој.
Значењето на овој модел ја надминува потребата на една компанија за стручен кадар. Учеството во креирањето наставни програми, преносот на инженерско искуство и поддршката за современа опрема придонесуваат кон посилна основа за целата индустрија. Тоа е пример што треба да го следат и другите компании, преку конкретни партнерства со факултетите да учествуваат во создавањето на знаењето од кое ќе зависи нивната идна конкурентност.
Аналитика








