ПОВЕЌЕ

    Окта ја удвои продажбата, добивката зголемена за 361 насто

    Време зa читање: 3 минути

    Со раст на добивката од 361 насто и со повеќе од двојно повисоки приходи од продажба Окта го заокружи третото тримесечје. Во услови на нестабилни нафтени пазари, геополитички тензии и повисоки трошоци за снабдување и транспорт, компанијата заработила 2,062 милијарди денари, односно 33,5 милиони евра.

    Приходите од продажбата, во текот на деветтме месеци достигнале 93,7 милиони евра и се повисоки за 105 насто на годишно ниво. Според компанијата, растот главно е резултат на поголемиот обем на продажба на домашниот и извозниот пазар, како и на повисоките цени на горивата.

    ЕБИТДА е повисока повеќе од четири пати и изнесува 38 милиони евра наспроти споредбениот лански период и тогашните 8,3 милиони евра. Ја следи раст од 356 насто. Компанијата посочува дека резултатот е поддржан од повисокиот обем на продажба, подобрените комерцијални перформанси и добивките од вреднувањето на залихите.

    Прилагодената ЕБИТДА, односно без ефектот од вреднувањето на залихите, изнесувала 18,3 милиони евра, двојно повеќе од истиот период минатата година.

    Побарувачката и зголемената логистичка флексибилност, посочуваат од Окта, значително го зголемиле вкупниот обем на продажба. Користењето на продуктоводот Солун–Скопје дополнително ги зајакнало капацитетите за снабдување на регионалниот пазар, во услови кога снабдувањето и натаму се одвива под построги пазарни услови.

    Само во третиот квартал приходите од продажба изнесувале 408,7 милиони евра, што е раст од 143 насто во однос на ланското трето тримесечје. Во тој период нето-добивката е на ниво од 14,3 милиони евра, за разлика од забележаните 3,8 милиони евра една година претходно.

    ЕБИТДА во третиот квартал се искачила на 16,2 милиони евра, зад што стои годишен раст од 277 насто. Прилагодената ЕБИТДА за третиот квартал изнесува 4,8 милиони евра, 297 милиони денари и е за 15 насто повисока во однос на истиот период лани.

    Паралелно со растот на приходите и добивката, пораснале и оперативните трошоци. За деветте месеци го надминале прагот од 10 милиони евра. Во овој сегмент е регистрирано годишно зголемување од 35 насто.

    Од Окра наведуваат и дека од март наваму, преку привремени иницијативи за попуст на горивата обезбедила повеќе од 7 милиони евра поддршка на домашниот пазар. Тоа е резултат на мерките воведени во периодите на исклучителна нестабилност на меѓународните цени, со цел да се намали притисокот во синџирот на снабдување и да се одржат безбедноста и сигурноста на снабдувањето.

    Во третиот квартал Окта ја лансирала и кампањата „Програма гаранција“, насочена кон гарантиран квалитет и количина на горивата, а продолжила и со активности во областа на заштитата на животната средина, безбедноста во сообраќајот и образованието.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично