ПОВЕЌЕ

    ПАРИТЕ ВО ВАЗНА НЕ РАСТАТ

    Време зa читање: 3 минути

    Штедењето не е само навика, туку паметна одлука за посигурна финансиска иднина.

    По повод 31 Октомври, Светскиот ден на штедењето, повторно се отвора прашањето колку сме подготвени да размислуваме за нашата финансиска иднина.

    Штедењето низ бројки: што ни кажуваат трендовите?

    Според податоците од Народната банка на Република Северна Македонија, во септември 2026 година вкупните депозити во банкарскиот систем бележат годишен раст од 9,2 насто, а за исто толку се зголемени и депозитите на домаќинствата. Орочените депозити на домаќинствата бележат раст од 6,59 насто.

    Овие показатели ја потврдуваат важноста на штедењето како дел од управувањето со личните финансии. Зад секоја заштеда стои одредена цел – образование, купување дом, семејна сигурност или подготовка за иднината.

    Извор: Народна банка на Република Северна Македонија, Соопштение за монетарните движења, септември 2026 година.

    Финансиската писменост е првиот чекор

    Штедењето не започнува со високи приходи, туку со добра навика и дисциплина. Планирањето на месечниот буџет, следењето на приходите и расходите, поставувањето реални финансиски цели и редовното издвојување средства се едноставни чекори што можат да направат значајна разлика.

    Важно е да не чекаме да ни останат пари на крајот од месецот, туку штедењето да го вклучиме во сопствениот финансиски план. Притоа, изборот на начин на штедење треба да биде усогласен со личните потреби, можности и временскиот хоризонт.

    Финансиските приоритети се менуваат низ животот: младите штедат за образование, патувања и финансиска независност, семејствата за дом и иднината на децата, а пензионерите за стабилност и полесно управување со своите средства. Токму затоа, Шпаркасе банка посветува внимание на финансиската едукација преку различни иницијативи, меѓу кои и платформата Vibe On Edu, наменета за младите. Оваа посветеност е дел од традицијата на групацијата Шпаркасе, која има повеќе од 200 години искуство во финансиското работење.

    Дополнително, депозитното портфолио на Шпаркасе банка во септември 2026 година бележи годишен раст од 12,94 насто, во споредба со 9,15 насто раст на вкупните депозити во банкарскиот сектор, според интерните податоци од Банката.

    Не е важно само да штедиме, туку и како

    При изборот на начин на штедење важно е да се земат предвид целта, периодот на орочување, достапноста на средствата и каматните услови. Во зависност од потребите, Шпаркасе банка нуди различни депозитни решенија:

    • Депозит Плус ‒ за клиентите што сакаат плански да ги орочат средствата и да штедат со однапред познати услови.
    • Детски Депозит Плус ‒ за родителите што сакаат да создадат финансиска основа за иднината на своите деца.
    • Vibe On Флекси Депозит ‒ за младите што сакаат да ги направат првите чекори кон финансиска независност и создавање сопствени заштеди.
    • Депозит Плус Respect ‒ за пензионерите и нивните специфични потреби за штедење.

    За клиентите што претпочитаат дигитално банкарство, достапна е и можноста за онлајн орочување преку мобилната апликација S-Банка, без посета на експозитура, во согласност со условите на услугата.

    Без оглед на изборот, важно е клиентите претходно да се информираат за каматните стапки, роковите и условите на секој депозитен производ на www.sparkasse.mk.

    Финансиската сигурност започнува со една одлука

    Не е потребно да започнеме со голема сума за да создадеме добра финансиска навика. Потребни се реална цел, доследност и правилно планирање. Парите во вазна не растат, но со добро осмислено штедење можат да станат почеток на исполнета цел и посигурна иднина.

    Лектор: Христина Ангелеска-Мијоска

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично