ПОВЕЌЕ

    НОВИОТ ЗАКОН ПРЕДВИДУВА КАЗНИ ЗА ИГНОРИРАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ НА ДЗР

    Време зa читање: 2 минути

    Притиснете „Subscribe“ и следете нè.

    Новиот Закон за државната ревизија предвидува прекршочни казни за институциите и одговорните лица што нема да подготват план или нема да ги спроведат ревизорските препораки. Главниот државен ревизор Максим Ацевски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека институциите имаат 30 дена од добивањето на конечниот извештај да подготват план со активности и рокови. ДЗР може да побара корекции на планот и потоа ќе проверува дали најавените мерки се спроведени. Институциите ќе треба и писмено да известуваат што презеле за отстранување на неправилностите. Извештаите за преземените активности ќе се доставуваат и до органите за надзор, а ДЗР ќе подготвува збирен извештај за спроведувањето на препораките.

    „Да, има прекршочни одредби коишто се утврдени за непостапувањето по планот за имплементација на препораките или доколку не се подготви соодветен план за имплементација, како за правниот субјект, така и за одговорното лице коешто е должно да преземе активности за имплементација на мерките. И, секако, извештајот на Државниот завод за ревизија за препораките и преземените активности по дадените препораки се доставува и до Собранието и до надзорните органи за надзор и контрола на самиот субјект. Веруваме дека ниту еден менаџер нема да си дозволи да не преземе активности или да даде одредени активности, да ги наведе дека ги спровел, а во суштина со нашата проверка да констатираме дека тие не се спроведени.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично