
Во време кога здравјето, грижата за себе и квалитетот на животот стануваат сè поважен сегмент од секојдневието на современиот човек, лидерството не се мери само со големината на една компанија, туку и со нејзината способност да ги препознае промените и да одговори на новите потреби на луѓето. Токму во таа насока компанијата Зегин континуирано го гради својот развој, каде во фокусот се достапноста, иновациите, квалитетот и општествената одговорност.
Лидерството во бизнисот не се создава преку една одлука или една награда. Се гради со години преку визија, постојано вложување, способност да се препознаат промените и храброст тие промени да се претворат во нови можности. Благодарение на тој континуитет компанијата Зегин денес е препознаена како еден од лидерите во македонскиот фармацевтски сектор.
Од компанија која своето работење го темели на фармацевтската дејност, Зегин прерасна во современа групација која постојано го проширува своето присуство, портфолио и начинот на кој комуницира со потрошувачите. Со мрежа од околу 200 аптеки низ целата држава, Зегин денес е присутен во секојдневието на голем број граѓани, обезбедувајќи лесен пристап до широка палета производи и професионална фармацевтска услуга. Но, современиот човек денес очекува повеќе од физичка достапност. Тој очекува голем избор, брзина, удобност и можност услугата да ја користи онаму каде што му одговара.
Затоа дигиталната трансформација е еден од значајните сегменти во развојот на Зегин. Покрај широката присутност на дигиталните канали и социјалните мрежи, компанијата континуирано работи на усовршување на корисничкото онлајн искуство преку Zegin Online, со можност за нарачки и достава низ целата држава. Дополнително, сопствената мобилна апликација овозможува уште полесно и поедноставно користење на услугите, со што традиционалното фармацевтско искуство се надополнува со современи дигитални решенија.
Истовремено, компанијата активно ги следи глобалните трендови и ги препознава категориите со потенцијал да станат дел од секојдневниот живот на клиентите. Корејската козметика е еден од примерите за таков пристап. K-Beauty концептот, со својот фокус на иновативни формулации и нови пристапи кон убавината и здравјето на кожата е интегриран во портфолиото на Зегин како одговор на растечкиот интерес за современи и природни решенија за нега.
Сепак, вистинскиот успех на една компанија се гледа и преку вредноста што ја создава надвор од своето деловно работење, а тоа е содавање на вредности и за заедницата. Преку Фондацијата д-р Верица Механџиска и бројните општествено одговорни иницијативи и активности насочени кон поддршка на различни општествени категории компанијата континуирано ја потврдува својата мисија да придонесува за заедницата и да поддржува иницијативи што создаваат позитивна промена.
И токму тука се препознава суштината на лидерството на Зегин – во способноста истовремено да ја почитува традицијата и да гледа кон иднината. Да ја задржи довербата изградена низ речиси 40 години, но постојано да воведува нови технологии, категории и начини на комуникација. Да расте како бизнис, но истовремено да расте и како општествено одговорна компанија.
Признанијата што Зегин континуирано ги добива се дел од таа приказна. Тие не се само признание за постигнатото, туку и потсетник дека лидерството носи обврска секоја следна година да се биде чекор понапред.
Викторија и Христина Механџиски- сопственички на Зегин групација.
Аналитика








