
Може ли УЈП да ги открива сомнителните донации без да чека со години некој инспектор да ги отвори документите? Електронската фактура отвора можност податоците да бидат достапни во реално време, а донациите и спонзорствата да се издвојуваат за проверка.
Даночната експертка Елена Стојмановска Тортевска во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува дека со поврзување на фактурите и извештаите од примателите, УЈП ќе има подобра основа да процени каде постои ризик и каде треба да испрати контрола. Затоа што не е исто да проверуваш дониран кров, кој останува на објектот, и садници, кои по неколку години можат да се исушат. Дали дигитализацијата ќе овозможи проверките да се прават навреме, додека сè уште може да се утврди што навистина е донирано?
Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“.
Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS
„Значи ги имате електронската фактура во реално време. Не чекаме дали некогаш некој ќе отиде во надворешна контрола и ќе ја види таа фактура….
…Имате електронската фактура, го имате извештајот, вие имате двајца чинители, можете веќе историјата даночна да ја знаете и на едниот и на другиот…
… Можете навистина да го дадете фокусот колку и како да се провери фактичката состојба….
Аналитика








