
Ако 10 компании донираат за исто детско игралиште, за секоја донација одделно треба да се докажува јавниот интерес. Ист проект, иста цел, а постапката се повторува. Како да се прекине ова административно вртење во круг?
Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект и претседателка на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ го објаснува предлогот за јавен регистар на приматели на донации.
Донаторот однапред ќе знае дали донацијата ги исполнува условите за даночно олеснување и ќе ја пријави со годишната даночна пријава. Примателот, пак, ќе треба да покаже што направил со добиените средства. Така институциите ќе можат да ги споредуваат податоците и да проверуваат сомнителни случаи, наместо за секоја донација одново да се собираат мислења и решенија.
Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“.
Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS
„Нашиот предлог е да не се врзува потврдувањето на јавниот интерес со секоја поединечна донација. Туку со примателите. Примателите ќе треба да се покажат дека работат во поширок јавен интерес и тие ќе се впишат, ако сакаат да примат донации што ќе бидат даночно ослободени, ќе се впишат во регистарот. Тој регистар ќе биде јавен, ќе биде достапен и на Управата за јавни приходи за проверка, ќе биде достапен на сите кои што сакаат да донираат…
…Таму во тој регистар ќе можат да си ги прикачат и извештаите примателите за тоа што сработиле. За да се види од годишниот извештај дека е тоа реализирано. Од друга страна, известувањето треба убаво да се врзе со годишната, завршна сметка и со даночната пријава. Таму, веќе со Управата за јавни приходи, разработивме решение, каде што ќе си се пријави со даночната пријава, листата на тоа каде се е донирано…“
Аналитика








