
Донираш за училиште или за болница, а ако не ја поминеш сложената процедура за даночно олеснување, за донацијата плаќаш и данок. Законот треба да го поттикнува донирањето, но административните барања ги одвраќаат граѓаните и компаниите да ги користат даночните олеснувања.
Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект и претседателка на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека веќе 15 години работат на промени на ова решение. Се менуваат министри, се објаснуваат истите проблеми, но измените никако да се донесат. На доставените предлози до Владата, вели, сè уште немаат одговор. Треба ли повторно да се случи трагедија или пандемија и да ни затребаат масовни донации, за институциите да признаат дека постапката мора да се поедностави?
Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“.
Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS
Никица: „Само ги повикуваме конечно да го стават овој закон како приоритет, да ги истуркаме промените кои што се неопходни. 15 години веќе работиме на ова, знаеме што треба да се направи. Ги повикуваме институциите да седнеме, да ги истуркаме овие измени во доброто на пошироката заедница….
Горан: Добро, вие имате до Владата поднесено што треба да се направи. Ви одговорија нешто?
Никица: Сè уште немаме одговор.
Горан: Добро, океј…
Никица: Очекуваме одговор.
Горан: Министерство за правда, влада, бујрум, одговорите.
Аналитика








