ПОВЕЌЕ

    Од Илирика во Алтима Инвестментс – брокерската куќа доби ново име

    Време зa читање: 2 минути

    Алтима Инвестментс е новиот назив на Илирика Инвестментс. Известувањето за извршената промена е објавено на Македонска берза.

    Новото име на брокерската куќа уследи по сопственичките промени што се случија пред неколку месеци. Во февруари, дотогаш доминантниот сопственик Илирика д.д. Љубљана го пренесе својот удел на Илирка холдинг д.о.о. Љубљана. Предмет на извршениот нетрговски трансфер биле 1.525 обични акции или 61 отсто од акционерскиот капитал.

    Промената e дел од поширокоto преструктурирање во словенечката групација. Во годишниот извештај на Илирика д.д. е наведено дека поврзаните друштва биле издвоени и пренесени на Илирика Холдинг, меѓу нив и уделот во македонската брокерска куќа.

    Во меѓувреме, во мај годинава е зголемена и основната главнина. Со трета емисија од 500 акции капиталот е зголемен на 150.000 евра, а друштвото сега има 3.000 издадени обични акции.

    Зад новиот бренд, пак, стои и еден од поактивните брокери на домашниот пазар. Во 2025 година Илирика Инвестментс доби признание за сребрена членка на Македонската берза, со 3,8 милијарди денари промет и 8.343 реализирани трансакции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично