Силк Роуд Банка ќе ја зголеми основната главнина за речиси 3,6 милиони евра преку дванаесетта емисија на 6.102 обични акции, наменета за познат купувач. За реализација на оваа активност, Банката има одобрение од Комисијата за хартии од вредност.
Емисијата во вредност од над 220,3 милиони денари ќе биде издадена по пат на приватна понуда. На тој начин, заемот што Банката го добила од единствениот акционер ќе се трансформира во влог во основната главнина.
„Со дванаесеттата емисија на обични акции, Силк Роуд Банка АД Скопје врши зголемување на основната главнина со трансформирање на хибриден инструмент (заем) даден од страна на единствениот акционер на банката, Силк Роуд Капитал АГ, Баар, Швајцарија, во влог во банката, во согласност со Законот за трговските друштва, Законот за банките и Законот за хартии од вредност и подзаконските прописи“, наведено е во известувањето од КХВ.
Аналитика








