ПОВЕЌЕ

    ЛИЧНА КАРТА ВО ТЕЛЕФОНОТ ОД 29 ОКТОМВРИ — НО НОСЕТЕ ЈА И ПЛАСТИЧНАТА

    Време зa читање: 2 минути

    Личната карта и возачката дозвола ќе ги имаме и во телефоните. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ најавува дека на 29 октомври ќе биде претставен дигиталниот паричник, а апликацијата веднаш ќе биде достапна за преземање и користење. Но, дали документот во телефонот ќе биде доволен кога ќе нè запре полицаец? Андоновски вели дека се соработува со МВР и дека можеби ќе бидат потребни дополнителни законски измени. Неговата препорака, сепак, е граѓаните да ги носат и физичките лични карти и возачки дозволи.

    Горан Теменугов: „Да ме запира полицаец, бара идентификација, дали јас кога ќе го отворам телефонот и покажам личната карта, ќе ми ја уважи, или ќе рече: ајде во станица, тоа ништо не ти важи додека не ја донесеш физичката лична карта?“

    Стефан Андоновски: „Ова ќе бара целосна промена на пристапот, целосно нов пристап на сите државни институции и приватни кон граѓанинот којшто ја користи.“

    Горан Теменугов: „Добро, за секој случај, од 29 октомври натаму сепак да ја имаме и пластифицираната верзија на личната карта и на возачката дозвола.“

    Стефан Андоновски: „Тоа е мојата препорака.“

    Горан Теменугов: „Добро, ваша препорака, тоа е многу важно да знаеме, да не се потпираме само на телефонот.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично