ПОВЕЌЕ

    Арљинда Хасани Синани e новата вицегувернерка на Народната банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Арљинда Хасани Синани е новата вицегувернерка на Народната банка. Седумгодишниот мандат ѝ е доверен од Собранието, каде што денес се гласаше по предлогот на гувернерот Трајко Славески.

    Хасани Синани е дипломирана економистка која заде себе има 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство. Во текот на својата кариера извршувала повеќе раководни функции во Прокредит банка и во Стопанска банка Скопје, каде што од 2023 била регионален директор за Северозападниот Регион.

    Нејзиното професионално искуство опфаќа и области поврзани со регулативната и супервизорската рамка, управувањето со ризиците и корпоративното управување, како и учество во повеќе органи и комитети во рамките на банкарските институции.

    Со изборот на Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка се зајакнува професионалниот капацитет на Народната банка и се обезбедува непречено остварување на нејзините законски цели и надлежности, заради одржување стабилен и сигурен финансиски систем и поддршка на одржливиот економски развој, велат од Народната банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично