ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка ќе понуди 1.500 корпоративни обврзници во четвртата емисија

    Време зa читање: 2 минути

    Комисијата за хартии од вредност ѝ даде одобрение на ТТК Банка за издавање долгорочни хартии од вредност по пат на јавна понуда. Банката ќе ја реализира четвртата емисија на корпоративни обврзници, која опфаќа 1.500 обврзници со номинална вредност од по 1.000 евра.

    Со ова, ТТК Банка ќе може да обезбеди до 1,5 милиони евра свежи средства преку домашниот пазар на капитал. Обврзниците ќе носат фиксна каматна стапка од 4,75 проценти за целиот период на нивното доспевање.

    Од КХВ посочуваат дека станува збор за долгорочни должнички хартии од вредност што ќе се третираат како капитален инструмент.

    „Емисијата на обврзници на ТТК Банка АД Скопје се врши заради зајакнување на капиталната сила и вкупниот финансиски потенцијал на банката, со што планира да ги оствари утврдените бизнис цели од Деловната политика, развојниот и финансискиот план за периодот 2025–2027 година“, наведуваат од Комисијата за хартии од вредност.

    Ова е четврта емисија на корпоративни обврзници на ТТК Банка и претставува уште еден чекор во обезбедувањето дополнителен капитал за поддршка на идниот раст и развој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично