ПОВЕЌЕ

    Во Македонија – секој четврти турист е од Турција

    Време зa читање: 2 минути

    Сè повеќе странски гости ја избираат Македонија како туристичка дестинација. Во текот на мај земјава ја посетиле 131.723 туристи, кои оствариле 236.727 ноќевања.

    Најголемиот дел од посетителите, очекувано, се странци. Според податоците на Државниот завод за статистика, тие учествуваат со 81 отсто од вкупниот број туристи, додека домашните со 19 отсто. Странските гости доминираат и кај ноќевањата, каде што нивниот удел достигнува 75,8 отсто.

    Повеќе од една четвртина од вкупниот број посетители се од Турција. Во мај пристигнале и во земјава престојувале 34.681 Турчин. Следуваат Германија со 9.578 туристи, Србија со 7.605 и Бугарија со 4.858 туристи.

    Во периодот јануари – мај се регистрирани 404.599 туристи, што е за 2,6 насто повеќе отколку во истиот лански период. Притоа, бројот на странските туристи е зголемен за 4,9 насто и достигнал 309.015, додека домашните туристи се намалени за 4,4 отсто, на 95.584.

    Сличен е трендот и кај ноќевањата. Од почетокот на годината се остварени 744.244 ноќевања, што претставува раст од еден насто. Странските гости реализирале 521.157 ноќевања, односно 3,3 насто повеќе од лани, додека домашните ноќевања се намалиле за 4,1 отсто и изнесуваат 223.087.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично