ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка Скопје ја реименува Мирјана Трајановска за генерален директор за финансии

    Време зa читање: 2 минути

    Мирјана Трајановска ќе продолжи да ја извршува функцијата генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје до 29 јануари 2029 година. Надзорниот одбор донесе одлука за нејзино повторно именување, а добиена е согласност и од Народната банка. Информацијата е објавена преку Македонската берза.

    „Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија, г-ѓа Мирјана Трајановска повторно се именува за Генерален директор за финансии и член на Управен одбор на Банката. Мандатот е утврден до 29.01.2029 година, кога г-ѓа Трајановска ги исполнува законските услови за старосна пензија“, се вели во известувањето од Банката.

    Трајановска беше именувана за генерален директор за финансии и член на Управниот одбор во јуни 2025 година.

    Во Стопанска банка работи од 1990 година, кога ја започнала кариерата како помлад офицер. Во текот на повеќе од три децении напредувала низ секторите за ликвидност, финансии, сметководство и буџетирање, а во 2013 година била назначена за сениор директор за ликвидност и финансии. Од 2024 година е и претседател на Надзорниот одбор на Стопанска Лизинг ДООЕЛ Скопје.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично