ПОВЕЌЕ

    Голема пресвртница во развојот на групацијата Иуте на меѓународните пазари на капитал – обемот на издадени обврзници достигна 300 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Иуте успешно пласираше дополнителни 140 милиони евра од својата постојна обврзница, со што вкупниот износ на издадени обврзници достигна 300 милиони евра.

    Како дигитална банкарска групација која работи на пазарите во Југоисточна Европа, Иуте соопшти дека новото пласирање е дел од стратегијата за проширување на пристапот до капитал за поддршка на понатамошниот раст и зајакнување на финансиската позиција.

    „Нашата цел беше да обезбедиме дополнителен капитал за да продолжиме да растеме на пазарите каде што работиме и да воспоставиме стабилна петгодишна основа на нашата капитална структура во износ од 300 милиони евра. Нашите високо-приносни обврзници, котирани на берзите во Франкфурт и Nasdaq Tallinn, се усогласени со профилот на принос и времетраењето на нашето кредитно портфолио, како и со нашата амбиција да изградиме дигитална банка и финансиска супер-апликација во секоја земја каде што сме присутни. Ова претставува важна пресвртница во развојот на групацијата на меѓународните пазари на капитал. Сега привлекуваме нова категорија институционални инвеститори, кои веруваат во нашата долгорочна стратегија за изградба на дигитална банка на секој пазар каде што работиме – и уште поважно, веруваат во ликвидноста и приносот”, вели Тармо Силд- Извршен директор на Иуте.

    Дополнителните обврзници се очекува наскоро да бидат вклучени во постојните котации на регулираниот пазар на Франкфуртската берза (General Standard) и Балтичкиот регулиран пазар на Nasdaq Tallinn.

    Обврзниците со рок на доспевање во 2030 година ќе се отплаќаат согласно постепениот амортизациски план кој започнува во третиот квартал од 2029 година. Според компанијата, кварталните отплати пред крајниот рок на достасување овозможуваат рамномерно распределување на потребите за рефинансирање и поддржуваат поефикасно управување со паричните текови.

    „Благодарни сме за довербата што нѝ ја укажаа и институционалните и индивидуалните инвеститори. Особено нѝ значи што, покрај меѓународните инвеститори, и понатаму ја имаме поддршката од инвеститорите од Естонија и другите балтички земји кои веруваат во долгорочниот развој и стратегија на Иуте“- додаваат од Иуте.

    Дополнителни информации се достапни на официјалната веб-странa на групацијата Иуте.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично