ПОВЕЌЕ

    НА ПЛАЖА БЕЗ ЦИГАРА: Римските плажи и Римини летово ослободени од чад, забраната важи и за вејповите

    Време зa читање: 3 минути

    Познатото италијанско одморалиште Римини на јадранскиот брег воведува драстични промени за сите посетители ова лето. Новата регулатива, која стапува на сила на 16 мај и ќе трае до 20 септември, носи целосна забрана за пушење на сите плажи, а ограничувањата важат и за потрошувачката на електронски цигари.

    Со овој радикален потег, Римини се придружи на растечкиот број европски дестинации кои се обидуваат да го заштитат здравјето на луѓето со воведување ригорозни мерки, но и да ја зачуваат животната средина од загадување на животната средина.

    И други италијански региони како Пуља, Лацио и Сардинија, кои претходно воведоа слични забрани, пишува Il Messaggero.

    Во сличен потег, и Градскиот совет на Рим минатиот месец донесе одлуки за забрана на пушењето во близина на брегот на плажите Остија, Кастел Порцијано и Капокота, почнувајќи од претстојната летна сезона. Мерката, поддржана од мнозинство од повеќе партии, претставува голем чекор кон усогласување на Рим со растечкиот број европски и глобални градови кои веќе усвоија политики за забрана на пушење на плажите.

    За разлика од претходните правила, според кои пушењето беше забрането само во областа покрај самиот брег, новата одлука на локалните власти ја опфаќа целата област на плажата. Ова значи дека пушењето сега е строго забрането под чадори, на лежалки, во детските простории, просториите за лична хигиена и во угостителските објекти на песок. Главните цели на оваа регулатива се намалување на изложеноста на пасивно пушење, заштита на семејствата со деца и борба против отпушоците од цигари кои масовно го загадуваат морето и ги загрозуваат морските животни и птици.

    Властите, исто така, предвидоа некои исклучоци за да се избегне целосно незадоволство кај пушачите. Консумирањето тутунски производи ќе биде дозволено само во посебно обележани и јасно дефинирани зони, главно во непосредна близина на баровите во рамките на плажните комплекси, моделирани според затворените зони за пушење што постојат со години на аеродромите.

    НОВИ МЕРКИ И ЗА МИЛЕНИЧИЊАТА

    Новиот пакет мерки на италијанските плажи не се однесува само на чадот од тутун, туку детално го регулира и престојот на домашните миленици на брегот. Според новата регулатива, воведени се фиксни временски зони во кои на кучињата им е дозволено да престојуваат и да пливаат во морето. Сопствениците ќе можат да ги пуштат своите домашни миленици во водата наутро од 6:00 до 8:30 часот, додека вечерното време за капење кучиња останува непроменето и трае од 18:40 до 21:00 часот.

    Локалните власти во Римини, исто така, посветија посебно внимание на одржливоста на животната средина, а во сила стапи и целосна забрана за употреба на пластика за еднократна употреба на целата плажа. Единствен исклучок ќе бидат пакувањата и производите направени од хартија или специјални биоразградливи материјали. Со цел да се подобри самата услуга и удобноста на гостите, новите правила официјално дозволуваат достава на храна директно до лежалките на посетителите.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично