
Тимот на Комерцијална банка уште еднаш покажа дека знае да победува со спортски дух, тимска енергија и заедништво. На годинашните Банкарски спортски игри што се одржаа во Охрид, банката оствари одличен резултат, освојувајќи второ место во генералниот пласман, како и повеќе медали во различни спортски дисциплини.

Од Комерцијална банка информираат дека нивните вработени со посветеност, мотивација и тимски дух успеале да освојат два златни медала – во штафетно трчање и во куглање во женска конкуренција.

Дополнително, КБ тимот освои и четири сребрени медали во кошарка (мажи), одбојка (мажи и жени) и куглање (мажи), како и бронзен медал во стрелаштво во машка конкуренција.

„Зад овие резултати стои тим кој верува во заедничка цел и дели заеднички успех. Горди сме и на овој успех на КБ тимот затоа што уште еднаш го потврди она во што сите веруваме, а тоа е дека полесно е заедно“, велат од Комерцијална банка.

Банкарските спортски игри традиционално собираат вработени од финансискиот сектор, кои преку спорт и дружење ја зајакнуваат тимската култура, меѓусебната соработка и спортскиот дух.
Аналитика








