
Во атмосфера исполнета со насмевки, другарство и искрена поддршка, во Градскиот парк во Скопје се одржа инклузивниот настан „Другарството е богатство“, организиран од здружението Аутизам ААМК, а поддржан од Комерцијална банка.
Настанот имаше за цел да ја подигне јавната свест за важноста на инклузијата, прифаќањето и еднаквите можности за сите, испраќајќи силна порака дека малите гестови – насмевка, подадена рака и искрено пријателство – можат да направат голема разлика во општеството.
Преку дружење, активности и заеднички моменти, „Другарството е богатство“ уште еднаш покажа дека заедницата станува посилна кога секој е прифатен и вреднуван таков каков што е.
Од Комерцијална банка истакнуваат дека поддршката на вакви иницијативи претставува дел од нивната заложба за активно учество во создавање општество засновано на почит, солидарност и еднаквост.
„Полесно е заедно“ – мотото што Банката континуирано го промовира преку општествено одговорни проекти и партнерства – беше дополнително потврдено и преку оваа иницијатива, која испрати порака за хуманост, прифаќање и заедништво.

Аналитика








