ПОВЕЌЕ

    9 Мај – Денот кога слободата победи над фашизмот

    Време зa читање: 2 минути

    На 9 Мај светот го одбележува Денот на победата над фашизмот – денот кога човештвото ја однесе една од најголемите победи во својата историја. Тоа е ден на сеќавање, почит и благодарност кон милионите луѓе кои ги положија своите животи во борбата против фашизмот и нацизмот за слободата на народите.

    Советскиот народ одржа света заклетва – ја бранеше својата татковина и заедно со сојузничките сили ги ослободи земјите на Европа од црната чума на фашизмот. Победата над фашизмот беше победа на човечноста, достоинството и правото на народите да живеат слободно.

    Втората светска војна остави зад себе страшни последици. Во војната животот го загубија повеќе од 50 милиони луѓе, од кои над 30 милиони биле цивили. Најголеми жртви дадоа СССР со околу 20 милиони загинати, Кина со 10 милиони, Полска со 6 милиони, Германија со 4,6 милиони, Југославија со 1,7 милиони, Велика Британија со над 540 илјади и многу други држави и народи.

    Македонија исто така даде огромен придонес во антифашистичката борба. Во овие трагични бројки нашата земја учествуваше со околу 25.000 загинати борци и жртви на фашистичкиот терор. Нивната жртва останува вградена во темелите на слободата и државноста.

    Денес, повеќе од осум децении подоцна, Денот на победата над фашизмот нè потсетува дека мирот, слободата и демократијата не се дадени еднаш засекогаш. Тие се вредности што мора постојано да се бранат и негуваат.

    Слава им на хероите и вечен спомен на жртвите.

    Смрт на фашизмот – Слобода на народот!

    Кире Атанасов

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично