ПОВЕЌЕ

    Во 29 нетрговски трансфери – 7.918 акции, доминираат Алкалоид и Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Дваесет и девет нетрговски трансфери се реализирани минатата недела, со опфат на 7.918 обични акции издадени од 19 друштва. Нешто повеќе од две третини од акциите се процесуирани во четвртокот (2.840) и во петокот (2.548).

    Најбројни се, како и во претходните неколку седмици, акциите на Алкалоид. Вкупно 1.965, распоредени: 22 во понеделник, 1.140 во вторник, 720 во среда и 83 во петок. Акцијата, која е меѓу најтргуваните, има просечна цена од 25.923,32 денари. Оттаму, сите овие акции без берзански трансакции го смениле сопственикот, имаат вредност од околу 830 илјади евра.

    Во три наврати се вршени преноси на најатрактивната акција за инвеститорите. Во понеделникот се регистрирани 440, во вторникот 140, а во петокот 60 обични акции на Комерцијална банка. Со оглед на просечната цена од 28.406,41 денар, овие 644 акции заедно вредат над 297 илјади евра.

    Акциите на пет друштва се на двапати заведени во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност. Тоа се РЖ Економика со 32 и 20 обични акции; РЖ Техничка контрола со 13 и 8 обични акции; РЖ Услуги со 272 и 169 обични акции; како и Уготур со 35 и 22 обични акции. Во оваа група е и Макстил, чии вкупно 1.200 акции биле трансферирани во последните два работни дена – 740 и 460.

    Меѓу единечните преноси, најбројни се акциите на Либерти – 1.072. Со нив последен пат на Берзата се тргувало минатиот месец, а имаат просечна цена од шест денари за акција.

    Следат 643 акции на АрцелорМиттал (ХРМ), друштво долгорочно суспендирано од котација. Сопственоста е пренесена и кај 516 обични акции на Македонски Телеком, а нивниот ценовен просек е 491,08 денари. По неколку стотици акции се трансферирани уште од три компании е една банка: 480 акции се на Тетекс АД Тетово, 463 на ТТК банка и по 100 на Попова Кула АД Демир Капија и на Жито Лукс.

    Во статистиката се внесени и нетрговските трансфери со 67 обични акции на Тутунски комбинат Прилеп, 55 на ЖАС АД Скопје, 33 на РЖ Интер-Трансшпед, 10 на Макпетрол АД Скопје и 3 обични акции на Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично