ПОВЕЌЕ

    Мизо: Кризата отвора шанса за нови инвестиции во Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Геополитичката криза поврзана со Иран повторно ги нарушува синџирите на снабдување и ги зголемува трошоците за транспорт, вели Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Зголемените трошоци и пролонгираните рокови за испорака влијаат врз одлуките на компаниите каде да го лоцираат производството. Во услови кога дел од традиционалните локации стануваат поскапи, се отвора можност дел од инвестициите да се пренасочат кон поконкурентни економии. Компаниите прават нови пресметки за оптимизација на производството и логистиката. Според Мизо, ваквите промени создаваат потенцијал за привлекување инвестиции во државава. Прашањето е дали Македонија ќе успее да ги искористи овие глобални поместувања.

    „Но, морам да кажам дека можностите и предизвиците кои се креирани, тоа не значи дека овие компании нема да опстанат или нема да продолжат. Сите овие компании за кои зборуваме, кои беа тука и пред 7 – 8 години кога започнаа сите овие континуирани кризи, се уште работат, се уште се главни двигатели на извозот во државата и мислам дека успеваме да ги пребродиме овие работи и да одиме напред. Колку и да е кризата перцептивно леле што ќе се случи, како ова ќе влијае, мислам дека секоја криза креира еден вид на „резилијанс“. Тоа се можностите како да се зголеми отпорноста и едноставно да ве афектира помалку она што претходно било голем проблем и сега излегувате посилни. Посилни, подобри, пооптимални, побрзи, бидејќи на крај на ден брзината и продуктивността креираат конкурентност.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично