
Од извозот на услугите, македонската ИКТ индустрија лани обезбедила прилив од 676 милиони евра. Износот е за седум насто поголем од остварувањето во 2024 година. Најголемиот удел го имаат компјутерските услуги – со речиси 600 милиони евра.
Податоците се објавени од Народната банка, а како убава вест ги сподели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека е од големо значење тоа што овој сектор постигнува континуиран напредок и позитивно салдо во трговската размена.
„Особено значајно е што ИКТ секторот остварува постојан раст и позитивен трговски биланс. Во 2025 година увозот на ИКТ услуги изнесувал 197 милиони евра, што значи дека нето ефектот за економијата е суфицит од 438 милиони евра“.
Овие резултати, нагласува Андоновски, повторно ја потврдуваат улогата на ИКТ секторот како еден од клучните двигатели на економскиот раст, извозот и технолошката трансформација на домашната економија.
(Фото: Freepik)
Аналитика








