ПОВЕЌЕ

    ИРАН ДЕЈСТВУВА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНО И ТАРГЕТИРА КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ – Методи Хаџи-Јанев за „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Иран веќе применува воена доктрина во која командата не е централизирана, туку нападите ги изведуваат повеќе автономни структури кои избираат цели според сопствените проценки, вели универзитетскиот професор Методи Хаџи-Јанев во поткастот „Каде се парите?“. Според него, станува збор за комбинација од ракетно и асиметрично дејствување, при што, нападите веќе се изведуваат таргетирано и се бираат конкретни цели.  Посочува и дека е погоден и еден дата-центар во регионот, што дополнително внесува нервоза кај пазарите и компаниите.

    „Обединетите Арапски Емирати исто така имаат сериозен проблем, бидејќи тие се делот од дата центрите коишто беа нападнати, се всушност директно дата центри коишто ја хранат компетитивноста на САД во светот на електронската индустрија, во светот на вештачката интелигенција. Сега, сето тоа кога ќе го ставите, кога ќе го претворите за вашиот форум кој ќе биде многу интересно, ќе видите дека всушност не се така наивни нападите на Иран, не се само реталиација, туку се тоа однапред добро смислени.“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично