ПОВЕЌЕ

    ВО ДЕЛОВИ ОД КИЧЕВО И ДО 1,5 МЕТРИ ВОДА ВО КУЌИТЕ, УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Водостоите на Вардар и Треска и натаму ќе растат!

    Време зa читање: 5 минути

    Делови на Кичево од вчера се под вода, а има излевање на водотеци и во други делови на западна и североисточна Македонија по повеќедневните силни врнежи од дожд што ја зафатија нашата земја.

    Најкритично и денес е во Кичево, каде локалните телевизии јавуваат дека во населбата Прилепска поради надојдени води околу 220 жители се евакуирани во спортската сала „Христо Узунов” во Иванидол.

    Според информациите од ЦУК за охридско-кичевскиот регион, во  Кичево, по излевањето на Зајашка Река, се поплавени повеќе куќи и дворови (, а попладнето се пријавени дополнително околу 30 зафатени семејни домови. Извршена е евакуација на стари и изнемоштени лица, а и на деца од поплавените објекти. На пример, локалната професионална ТППЕ – Територијална противпожарна единица Кичево во претходната поплава и во оваа од утрово, изврши преку 250 евакуации на загрозени лица, истовремено вршејќи испумпување на надојдена вода од витални објекти и институции, а се расчистуваше и автопатот кај Колари за поголема безбедност во сообраќајот.

    „Над ден ипол метар ни е сега водата во куќите, не остана ништо, ги молиме надлежните да ни помогнат оти веќе сме на улица“, изјави за ТВ Ускана една од евакуираните жителки на Прилепска.

    Заезерувања има и на улица 29 Ноември во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба
    Во Североисточниот регион, во Општина Липково, во дел од селото Опае поплавени се земјоделски површини поради излевање на Слупчанска река, при што засега нема пријавени материјални штети. Поплавени земјоделски површини има и во селото Оризаре. Во Куманово, во селото Доброшане на локацијата Шупли Камен, кај мостот на Кумановска река има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на реката
    Во Скопскиот регион, во Општина Сарај состојбата е мирна и се следи, додека во Општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Село без непосредна опасност

    Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на својата Фејсбук страница објави дека ноќеска и во текот на денешниот ден дејствува во координација со населението и со локалните сили за испумпување на поплавените површини, куќи и објекти по пријавите пристигнати на 112 (ЦУК), а и од директни пријави од општините

    Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заедно со населението, дејствуваа сношти, а ќе дејствуваат и денеска, согласно потребите и можностите во координација со другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК) ангажирани за помош при поплавите и излевања на водотеци во општините Сарај, Куманово, Липково, Тетово, Маврово и Ростуше, Кичево, Охрид, а и други општини што преку 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за пријави за поплавите и барања помош, а секако и од директни пријави од општините, објави ДЗС на својот профил на Фејсбук.
    Во скопскиот регион, покрај тимовите (седум на тој терен) на ДЗС , во Општина Сарај, во поплавените села Буковиќ и Семениште, каде што имаше над 30 поплавени куќи и дворови), покрај тимовите на ДЗС, интервенираа екипи на Општина Сарај, на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Активностите беа насочени кон расчистување на зафатените подрачја и одводнување на поплавените површини, со цел постепена нормализација на состојбата.
    Во Општина Липково, во кумановскиот регион, реката Слупчанка беше излегла од своето корито во село Опае, излевање беше регистрирано и во атарот на село Оризаре, каде што беа поплавени земјоделски површини.
    Во тетовскиот регион, интензивните врнежи довеле до зголемен водостој и имаше проблеми со одводните канали. Беа пријавени свлечишта на патните правци Тетово – Џепчиште при што патен правец е затворен за сообраќај, а кон селото Једуарце, патот е расчистен и повторно прооден. На делницата Тетово – Попова Шапка сообраќајот од вчера беше воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси.
    Во гостиварскиот регион беа пријавени поплавени куќи, подрумски простории и стопански објекти, конкретно во Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Во село Беловиште се интервенирало по пријава за заглавени лица во поплавен објект, коишто безбедно се извлечени.
    Акцијата на сите ангажирани субјекти од системот за заштита и спасување продолжи сношти и во текот на ноќта,
    Се очекува Вардар и Треска денес и утре да бидат со повисоки водостои откако Управата за хидрометоролошки работи најави нови прогнозирани врнежи за дожд и во наредниве денови. Според УХМР, водостојот во горниот дел од течението на Вардар и Треска ќе остане висок, а се очекува и зголемување на водостојот на река Вардар во средниот дел од течението, заради што останува опасноста од излевање на овие две реки.

    Од УХМР информираат дека состојбата со другите реки во западниот дел од државата, кои имаат високи водостои заради обилните врнежи и се излеваа во изминатите денови, се стабилизира, а водостојот постепено се намалува.

    Од УХМР предупредуваат за внимателно движење покрај реките и суводолиците и предупредуват дека времените мостови на Треска се во опасност заради големите води и нивната брзина.

    (Фото: скриншот од видео, ТВ Ускана)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично