
Новина во понудата на Комерцијална банка. Во продажба се јубилејни златници, кои може да се купат во експозитурата лоцирана во централата на Банката. Достапни се во поединечна продажба или во комплет.
Во моменталната понуда за поединечна продажба се златниците од четири колекции. „Егзодус на децата бегалци“ (7 гр.) по цена од 59.951 денар; „10 години осамостојување“ (10 гр.) чини 85.242 денари. Цената на златникот од колекцијата „МПЦ Св. Климент Охридски“ (8 гр.) е 68.914 денари, а од „100 години Илинден“ (6 гр.) – 52.407 денари. Исто така, може да се купи и јубилејниот златник 1 денар, со тежина од 15,98 грама и со цена од 135.490 денари.

Освен тоа, на продажба се и три комплети со различен број монети. Првиот – „Христијанство“, содржи три монети (злато: 8 гр, сребро: 7 гр; бронза: 5,1 гр.) и чини 70.857 денари.
Комплетот од 7 монети е од колекцијата „100 години Илинден“ (злато: 5 х 6 гр; 1 х 18 гр; сребро: 1 x 16 гр.). Неговата цена е 416.629 денари.
И третиот комплет со 12 монети е од истата колекција „100 години Илинден“. Десет од нив се златници од по 6 грама, а еден е од 18 грама. Сребреникот е со тежина од 16 грама. Цената е 678.664 денари.

Јубилејните златници се наменети и како инвестиција и како подарок. Од Банката потсетуваат дека златото традиционално се смета за форма на вложување што ја задржува вредноста со текот на времето, односно претставува сигурна и долгорочна инвестиција.
Продажбата се врши од понеделник до петок, во периодот од 8 до 15.30 часот.

Аналитика








